Свет
16. October 2026 - 9:18

Најмалку 19 луѓе се повредени во судир на воз и автобус во Франција

Најмалку 19 лица се повредени во синоќешниот судир меѓу товарен воз и автобус во близина на Кокел, северна Франција.

Несреќата се случила во близина на Евротунелот.

Локалните власти потврдија дека никој од повредените не е во животозагрозувачка состојба.

Меѓу повредените е и возачот на автобусот.

Судирот се случил во близина на влезот во товарниот тунел што ги поврзува Франција и Велика Британија.

На местото на настанот веднаш биле испратени возила на итните служби, полиција и хеликоптер.

Сè уште се истражува причината за несреќата.

 

МИА