Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца
Најмалку 24 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови што го зафатија Тексас, соопштија властите во оваа американска сојузна држава.
– Она што можам да го потврдам во овој момент е дека имаме околу 24 жртви, изјави шерифот на округот Кер, Лари Леита.
Леита рече дека меѓу 23 и 25 лица од летен камп во округот Кер, северозападно од Сан Антонио, сè уште се водат како исчезнати, иако бројот сè уште не е потврден.
Обилните дождови во петокот предизвикаа поплави во државата.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека издал проглас за вонредна состојба поради поплавите, нарекувајќи ги „катастрофа“.
Заменик-гувернерот на Тексас, Ден Патрик, првично изјави дека се пронајдени шест до 10 тела, меѓу кои има и деца.
Настраданите лица престојувале во христијански летен камп за девојчиња, во кој биле сместени повеќе од 750 деца кога се случиле поплавите.
Властите соопштија дека досега се спасени 237 лица, но предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи спасувачките операции се уште се во тек.
Во делови од Тексас нема електрична енергија и интернет, а жителите во некои места се замолени да се евакуираат на повисоки места.
Ново на Сител
-
Приведен 60-годишник во Скопје, возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
ЦУК: Еден крак од пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер е изгаснат
-
ПОЦ: Санкционирани 82 непрописно паркирани возила минатата недела
-
Прпарим Авдили од кумановско Лојане до кандидат за градоначалник на Цирих
-
Уапсени две лица во Неготино и Кавадарци, возеле со по 1.81 и 1.95 промили алкохол во крвта
-
1336 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
-
Раул Алонсо ја напушти клупата на Еурофарм Пелистер
-
Два полициски хеликоптера го гасат пожарот во околината на Блаце