Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
По монсунски дождови и поплави на Филипините, тропската бура Комај (наречена „Емонг“ на Филипините) денеска дополнително ја влоши ситуацијата во северниот дел од земјата, објави ДПА.
Најмалку 30 свлечишта се регистрирани во градот Багио, административниот регион Кордилера, објавија локалните власти. Според официјалните бројки, најмалку 25 лица загинаа низ целата земја откако започнаа обилните дождови пред околу една недела. Многу од жртвите се удавија.
Вкупно, околу три милиони луѓе се погодени од поплавите, а околу 280.000 останаа без покрив над главата.
Повеќе од 24.000 училишта се затворени, објавија филипинските медиуми. Училишните згради се користеа како центри за евакуација во 10 региони на островската нација.
Тропската бура Вифа предизвика хаос на Филипините и други делови од Југоисточна Азија кон средината на јули.
МИА
Ново на Сител
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни