Најмалку 37 повредени во земјотрес што ја потресе централна Јапонија

Најмалку 37 лица се повредени во земјотресот со интензитет од 5,9 степени што рано изутринава го потресе подрачјето околу Токио, предизвикувајќи нарушувања во железничкиот сообраќај.
Земјотресот бил регистриран околу два часот по локално време, со епицентар во јужниот дел на префектурата Ибараки недалеку од Токио, на длабочина од 68 километри, соопшти Јапонската метеоролошка служба.
Земјотресот предизвикал нарушувања во железничкиот сообраќај во Токио, без значајни материјални штети. Мало оштетување има на зграда зграда во Саитама, северно од престолнината, а, властите проверуваат дали пукањето цевка од водоводот во Токио е поврзано со земјотресот.
Јапонската метеоролошка служба предупреди на зголемен ризик од одрони бидејќи подрачјето вчера зафатено од обилни врнежи, како и на можност за силни последователни потреси наредните денови.
МИА
Ново на Сител
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
