Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури

Најмалку 85 лица го загубија животот во САД, од Тексас до Њу Џерси, како последица на снежната бура и ниските температури што се спуштаа и до 40 степени под нулата, соопштија локалните власти.
Половина од смртните случаи се пријавени во Тенеси, Мисисипи и Луизијана. Некои смртни случаи се припишуваат на хипотермија, а за други се сомнева дека се поврзани со изложеност на јаглероден моноксид поради изворите на топлина што биле користени во подрачјата во кои немало струја.
Повеќе од 230.000 дома и претпријатија беа без струја до изминатата ноќ, според податоците на веб-страницата за следење на прекините Poweroutage.us, по зимската бура што зафати големи подрачја на САД минатиот викенд. Најголем број прекини на струја и понатаму се бележат во Мисисипи и Тенеси, со речиси 87.000 корисници, без електрична енергија во секоја од тие сојузни држави.
Метеоролозите најавуваат дека температурите под нулата ќе потраат на истокот на САД до февруари и дека овој викенд постои голема веројатност за обилни снежни врнежи во Северна и Јужна Каролина, Вирџинија и во североисточна Џорџија. Снег е можен и во делови на Северна Каролина, како и по должината на источниот брег од Мериленд до Мејн.
Со уште еден бран опасен студ, кој од денеска се движи кон југот на САД, експертите предупредуваат дека се зголемува ризикот од хипотермија за жителите во делови на Мисисипи и Тенеси, кои влегуваат во шестиот ден без струја на температури под нулата.
Американската Национална метеоролошка служба соопшти дека арктичкиот воздух што се движи кон југоисток денеска ќе предизвика пад на веќе ледените температури до минус 10 Целзиусови степени во градовите како Нешвил.
Стотици припадници на Националната гарда вчера беа мобилизирани во Мисисипи и Тенеси за да ги расчистат урнатините и да им помогнат на луѓето заглавени во автомобили или во куќи. Гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс, рече дека трупите на Националната гарда доставуваат оброци, ќебиња и други материјали со камиони и хеликоптери, а гувернерот на Тенеси, Бил Ли, изјави дека спасувачките единици поделиле повеќе од 600 грејни единици и над 8.300 литри бензин и дизел.
МИА
Ново на Сител
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
-

АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
-

Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
-

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со ПССЕ: Ова е историски ден, рамо до рамот со денот кога се прогласи независноста
