Најмалку три лица загинаа во рускиот напад со дронови врз Киев
Најмалку три лица загинаа, а десет се повредени во синоќешниот руски напад врз Киев. Главниот град на Украина втора ноќ по ред е цел на напади, соопшти воената управа на главниот град на Украина.
-Повеќе од десет непријателски дронови се во воздушниот простор на главниот град. Се приближуваат нови. Непријателот најверојатно ќе користи голем број дронови и ракети од стратешки авиони, изјави утрово началникот на киевската воена управа, Тимур Ткаченко.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека експлозиите одекнале низ целиот град.
-Воздушната одбрана е активна. Главниот град е нападнат од непријателски беспилотни летала, истакна Кличко.
Киев е нападнат по вчерашната размена на воени заробеници со Русија. Последната фаза од размената е планирана за денеска, при што треба да бидат разменети вкупно илјада заробеници. Вчера 307 руски воени заробеници беа разменети за ист број украински војници.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче
-
Останува рокот: Aвтопатот Охрид-Кичево готов до крајот на следната година
-
80% од храната што ја јадеме ја увезуваме - како до зголемено земјоделско производство?
-
Од 1-ви септември средно стручно образование за возрасни
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски