Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Најмалку три лица се убиени, а петмина повредени во денешниот напад со нож во метрото во главниот град на Тајван, Тајпеј.
– Мотивот за нападот засега не е познат, изјави премиерот на Тајван, Чо Јунг-таи, додавајќи оти станува збор за „намерно“ дело.
Чо истакна дека напаѓачот носел маска и фрлил „пет или шест молотови коктели или димни бомби во главната станица на метрото.
По инцидентот двојно се зголемени безбедносните мерки на цел остров.
– Сите важни локации, железнички станици, автопатишта, метро станици и аеродроми се во состојба на зголемена подготвеност, посочи Чо.
Додека градоначалникот на Тајпеј, Чианг Ван-ан посочи дека осомничениот за нападот најверојатно „извршил самоубиство, скокајќи од зградата за да избегне апсење. Тој додаде дека една од жртвите загинала додека се обидувала да го спречи нападот.
Претходно, беше објавено дека во нападот повредени се девет луѓе.
Насилните злосторства се ретки на Тајван. Сличен напад се случи во метрото во Тајпеј во 2014 година, кога со нож беа усмртени четири лица. Напаѓачот во 2016 година е погубен.
МИА
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
