Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка

Најмногу дожд 4 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, 2 во Маврови Анови, а по 1 во Виница, Куманово, Попова Шапка, Крушево, Струмица, Скопје – Петровец и Демир Капија. Највисока снежна покривка од 69 сантиметри утрово во 8:00 часот е измерена на Попова Шапка.
Утринава најниска температура од 0 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка, 2 во Mаврови Анови, 3 во Kрушево, Радовиш Пожар и Лазарополе, 4 во Штип, Охрид и Крива Паланка, 5 во Виница и Ѓуриште, 6 во Струмица, Берово, Претор, Тополчани и Пожаране, 7 во Тетово, Битола и Прилеп, 8 во Куманово, Кавадарци и Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, 10 Велес и Скопје-Зајчев Рид, а најтопло е во Гевгелија каде се измерени 11 степени.
Според најавите од Управата з ахидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во југоисточните и источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено и силен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
