Најниската пензија во март 18.192 денари, просечната 26.258 денари

Исполнето е ветувањето за зголемување на пензиите од 5.000 денари на над 330.000 пензионери. Со исплата на мартовската пензија за 2.500 денари, се заокружи циклусот за линеарно покачување на пензионерите за 5.000 денари, велат од Владата.
Со сегашното зголемување, како што појаснуваат, најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари.
- Пензионерите заслужуваат сигурен и достоинствен живот. Дополнително дека работиме во интерес на граѓаните покажува и фактот што како Влада имаме став дека нема да ја зголемиме старосната граница за пензионирање која сега е 62 години за жени и 64 години за мажи и најмалку 15 години стаж. Грижата за пензионерите е наша обврска и цел, се вели во денешното владино соопштение.
Како Влада, додаваат, продолжуваме целосно посветено и одговорно да работиме за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.
Ново на Сител
-

Јапонија успешно лансираше прва ракета со погон на течно гориво
-

Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
