Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е извршена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас. Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин, соопшти Министерството за здравство.
Операцијата беше во два акта – во вториот имаше пластична реконструкција која ја изведе тим предводен од др. Томислав Јовановски. Првиот хируршки тим го предводеше проф. д-р Милан Самарџиски, со учество на спец. д-р Бојан Будиќ, др. Теодора Тодорова и др. Гоце Гулески.
За анестезија беше одговорна проф. д-р Јасминка Нанчева, со анестетичар с. Јована Илиева. Дел од тимот беа и инструментарките Ерзен Муртезани и Татјана Дукадиновска, болничарот Дардан Синани и рендген техничарот Силвана Станковска.
Со овој зафат се поставува нова референтна точка во домашната ортопедија и се потврдува капацитетот на македонските хируршки тимови за изведба на интервенции од највисок степен на сложеност, наведуваат од Министерството за здравство.
МИА
Ново на Сител
-

Шмајхел најави можен крај на кариерата поради тешка повреда
-

Клебо доби лекарска дозвола за настап на завршницата во Светскиот куп
-

Голманот на Барселона Гарсија ќе биде надвор од терените неколку недели
-

Интер Мајами на Меси елиминиран од Купот на шампионите на КОНКАКАФ
-

Салах стана првиот Африканец, Кејн првиот Англичанец со постигнати 50 гола во Лигата на шампионите
-

Вработен во ДЗС за „Пулс“: ДЗС нема инспектор за редовен надзор во Кочани, вонредни се вршат само по налог или пријава
-

Савески: Сигурен сум дека ќе ги задоволиме очекувањата на граѓаните, интересите на политичките партии не се мој интерес
-

Мицкоски на Самитот на Европската народна партија во Брисел
