Најстудено на Попова Шапка

Утрово најниска темепратура од -5 степени Целзиусови е регистрирана на Попова Шапка. Следат Mаврови Анови, Крива Паланка, Берово и Kрушево со 2 степени, -1 Претор, 0 Лазарополе, Тетово, Битола, Охрид, Скопје-Петровец, 1 Струмица, Куманово, 2 Прилеп, Виница, Демир Капија, Штип, Велес, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и 6 степени во Гевгелија, соопшти УХМР.
Во 8 часот висината на снежната покривка измерена на Попова Шапка е 38 см.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот и услови за слаб локален дожд во источните и северните делови во вечерните часови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степен.
Во Скопје, променливо облачно со услови за слаб локален дожд во вечерните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Заврши втората сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Конфликтите го менуваат туризмот
-

Главна дестинација за прилепчани за Велигден и понатаму е дома, но се зголемува бројот и на оние кои патуваат во странство
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
