Македонија
25. November 2026 - 8:53

Најстудено утрово во Берово, -11 степени, температури под нула насекаде во државата

Во Берово утрово се измерени -11 степени и насекаде во државата темепературите се под нула.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека  -8 степени се измерени во Крива Паланка, -7 во Струмица, -6 во Куманово, Штип, Скопје - Петровец, Демир Капија и Битола, -5 степени во Лазарополе, Тетово, Велес, Кавадарци и Прилеп, -4 Скопје - Зајчев Рид, Попова Шапка, Крушево и Виница, -2 во Гевгелија и -1 степен во Претор и Охрид.

Според прогнозата на УХМР, преку денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Во Скопје сончево и постудено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне  6 степени.

 

МИА