Најстудено утрово во Берово, 25 сантиметри снежна покривка на Попова Шапка

Минималната температура денеска во Берово била -6 степени Целзиусови, -5 во Скопје- Петровец, Струмица, Демир Капија, -4 во Битола, Велес, Штип, Кавардарци, Попова Шапка, -3 во Прилеп, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -1 во Kрушево Претор, Куманово, 0 во Крива Паланка, Виница, информираат утрово од УХМР.
До седум часот, висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 25 сантиметри, додека 10 - Маврови Анови, Крушево.
Според синоптичарите, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура се очекува да биде во интервал од 7 до 14 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува времето да биде сончево и тивко со мала облачност, а температурата да достигне до 9 степени Целзиусови.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
