Најстудено утрово во Берово, најтопло во Охрид и Велес

Најстудено утрово е во Берово, а најтопло во Охрид и во Велес, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 8:30 часот.
Во Берово е измерен 1 Целзиусов степен, 3 на Попова Шапка, 4 во Маврови Анови, 5 во Крива Паланка и Штип, 6 во Тетово, Виница, Крушево, Лазарополе, 7 во Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, 8 во Претор, Демир Капија, 9 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија, а 10 степени во Охрид и во Велес.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 7 часот утрово наврнал во Пожаране, 20 литри на квадратен метар. Потоа следуваат 18 - Лазарополе, 16 - Попова Шапка, 13 - Тетово, 10 - Претор, 9 - Крива Паланка, Крушево, 8 - Охрид, 7 - Скопје-Петровец, 6 - Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, 4 - Битола, Прилеп, 3 - Штип, Берово, 2 - Кавадарци, 1 - Демир Капија, Струмица.
Синоптичарите за денеска најавија сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени.
МИА
Ново на Сител
-

Костадиновски: Почитувањето на Уставот е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината
-

МВР: Од 15 ноември до 15 март задолжително е поседувањето на зимска опрема во возилата
-

Се урна српски воен авион МиГ-29, загина пилотот | ВИДЕО
-

Предложен притвор за семејно насилство во Битола
-

Најстудено утрово во Берово, најтопло во Охрид и Велес
-

Корабоски доби 30-дневен притвор по проширување на обвинението
-

Николоски од Виена: ЕУ да изнајде решенија за проблемот со превозниците и со извозот на зелената енергија од регионот
-

Со сведочење на ќерката на првообвинетиот Дејан Јованов продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
