Најстудено во Берово -3 степени, преку ден до 17 степени и можен слаб дожд

Најстудено утринава било во Берово каде се измерени -3 Целзиусови степени, нула степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Струмица, Mаврови Анови и Попова Шапка, 1 во Штип, 2 во Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Kрушево, Велес и Куманово, 3 во Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, а максималната утринска температура од 4 степени е измерена во Виница, Демир Капија и Гевгелија.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека снежната покривка на Попова Шапка денеска изнесува 67 сантиметри.
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Евакуирани 150 патници од Дубаи, до крајот на неделата уште три авиони од Блискиот Исток
-

Синот на Али Хамнеи - Моџтаба, избран за нов врховен лидер на Иран
-

СДСМ: Mицкоски ги лаже граѓаните
-

Депонијата Буково го вклучи алармот
-

150 македонски државјани се вратија од Дубаи
-

Тема на денот со Назим Рашиди, новинар
-

„Нема да не снема“: Осмомартовски марш против насилството врз жените
-

Над 270 инспекции на бензинските пумпи – Привремен недостиг на гориво на дваесетина станици
