Најстудено во Берово и Маврови Анови, на Попова Шапка 74 сантиметри снег

Во државава најниска температура изутрина во 7 часот е измерена во Берово - 3 степени и во Маврови Анови и Попова Шапка, - 1 степен. Нула степени во Битола и Скопје-Петровец, 1 во Струмица, Тетово и Крива Паланка, 2 во Прилеп, Куманово, Велес, Претор, Охрид и Штип, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Kрушево, 4 во Виница, Кавадарци и Гевгелија.
На Попова Шапка има 74 сантиметри снег.
УХМР за претпладнево најави сончево време со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд во северните и северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
