Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
Годинашното Светско шоу за кучиња на Саемот во Загреб, Хрватска, се одржа викендов. Победата и титулата најубаво куче на светот ѝ припадна на единка од расата авганистански ‘рт која доаѓа од Чиле.
За прогласување на најубавите кучиња на светот беше одговорен професорот Никша Лемо, познат хрватски судија за сите раси, ветеринар и светски познат одгледувач. Женката по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман го освои одличјето, заедно со својот сопственик и одгледувач Рамон Подеста Валенцуела. Инаку, Заида веќе има и бројни успеси на слични изложби. Зад себе овојпат „остави” еден кусоопашест англиски овчар и шкотски териер.
Здруженија и активисти за заштита на животните предупредуваат на големи злоупотреби на кучињата.
Се наведуваат, во таа смисла, и случаи на парење кучиња во сродство, кога може да се родат болни кученца, а се предупредува и на поткупливи судии… Загрижените љубители истакнуваат дека тука нема љубов кон животните, а има подло искористување и нечесна заработка.
Ново на Сител
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
-

Вработени во ССМ обвинуваат за мобинг и незаконски отказ
