Намален бројот на новороденчиња
За една деценија преполовен бројот на новороденчиња во источниот регион. Ако во 2013-та година на гинеколошко – акушерското одделение при штипска Клиничка се извршени над 1000 породувања, во изминатата 2023 година се евидентираат околу 500, што е пак за 60 новороденчиња помалку отколку во претходната 2022-ра.
- Тоа беа други времиња, не е причината кај нас. Иселувањето на младите луѓе е главен фактор. Секоја пацинетка која што е дојдена од цел источен регион кај нас е прифатена од наша страна и е услужена- изјави Наталија Атанасова, началник на одделот за гинекологија и акушерство-КБ-Штип.
На одделението ќе има недостиг од стручен медицински кадар, но се прават напори за подобра техничка опременост со современи медицински апарати.
- Во 2014-та година може да имаме недостаток во однос на докторскиот кадар. Ќе бараме начин со помош од други установи да го анулираме, бидејќи две од докторките ќе бидат на породилно боледување, што значи дека ќе имаме минус 2 доктори и се надеваме дека ќе го решиме проблемот. Што се однесува до апаратурата, имаме првичен план што го направивме за набавки во КБ-Штип за 2024-та година, но го чекаме конечниот буџет, кој може да претпри корекции, за и делот кој што е за ова одделение за нова апаратура да биде вметнат во основниот план кој го усвоивме пред Нова Година- изјави Ален Георгијев, директор на Клиничка болница – Штип.
Сепак, постои и доза на оптимизам, зашто во првите 2 дена од Нова Година на одеделението се родени 3 бебиња.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар