Намален наталитетот, повеќе се раѓаат машки деца

Во 2025 година се родени 15 932 деца вкупно, од кои живородени се 15 850, а 82 се мртвородени. Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1.3 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.7 %, односно на 100 живородени женски деца 106.9 се машки, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во месец јули: 1 531.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 31.7 % се живородени деца од мајки на возраст 25 – 29 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.8 години, а на прворотките 28.2 години.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1995 година.
Во 2025 година се регистрирани 15 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 868 или 11.8 % од вкупниот број на живородените деца.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
