Македонија
10. October 2020 - 21:25

Наместо на пазар, зеленчук купен преку интернет

Наместо од пазар купување земјоделски производи преку интернет. Ова е идејата на проектот Избери здраво купувај локално на фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии од Гевгелија. Целата на проектот е преку  интернет платформа да направи директна врска и комуникација помеѓу земјоделците и потрошувачите и на едно место да се понуди дел од локалното земјоделско производство.

Проектот се реализира како резултат на најновите случувања на глобално ниво предизвикани пред се од пандемијата со Ковид 19. Преку него  треба  се поттикне локалниот развој во руралните средини. Како дел од проектот се и серија работилници преку кои заинтересираните земјоделци се едуцираат како да ги користат современите комуникациски средства за промоција и продажба на нивните производи.

За почеток платформата е фокусирана на гевгелискиот микро регион, но не е исклучена можноста во иднина таа да биде проширена. Учеството на истата е бесплатно и се нудат актуелните сезонски производи.  Проектот е одобрен од мрежата за рурален развој, а се финансира од шведската организација Ви ефект.