Народен правобранител: Сите граѓани не можат до февруари да ги сменат личните документи
Во процесот на промена на личните документи има повреда на правата на граѓаните, смета Народниот правобранител. Тој е загрижен дека до крајниот рок 12 февруари сите граѓани нема да можат да ги променат документите со новото име на државата гледајќи ги секојдневните гужви на пунктот без закажување и редовни термини дури во лето. Зибери уште еднаш потенцираше дека за пасошите, личните карти и возачките кои се со Република Македонија и имаат важечки рок, а граѓаните се принудени да ги променат трошоците треба да ги сноси државата.
- Тој процес тешко се одвива и тешко дека министерството навреме во определениот рок ќе ги удоволи сите барања. Трошоците требаше да ги сноси државата, рече Насер Зибери, Народен правобранител.
Во годишното обраќање Зибери 2023 –та година ја оцени како неповолна за заштита на правата на граѓаните.
- Посебно за детските права, имавме и убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска, рече Зибери.
За кршење на детските права во обраќањето Народниот правобранител се осврна на доцнењето на учебниците, ненавременото издавање на свидетелства, не почнување на учебната година во некои училишта и неможноста деца од Албанска националност да се школуваат на мајчин јазик.
За инцидентот Во Идризово на крајот на октомври Зибери посочи дека 60 затвореници се здобиле со повреди од страна на полицијата, нокои имале и скршени раце и нозе и најави дека ќе поднесат кривична пријава во обвинителството за тортура од страна на полициски службеници
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар