Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
Безбеден град наскоро ќе стартува и во двата туристички центри.Во текот на минатата недела извршено е тестирање на веќе поставените камери на автопатската делница Охрид-Кичево, а според најавите пред летната сезона системот треба да започне со работа.
Портпаролот на СВР Охрид Димоски вели дека до целосно вклучување на системот засилени ќе бидат активностите на полициските службеници со поставување на мобилни електронски камери.
Функционирање на камерите особено за време на летната туристичка сезона кога има поголема фреквенција на возила значително ќе ја подобри безбедноста на патиштата.
Од СВР Охрид посочуваат дека воведувањето на овој систем има за цел намалување на сообраќајните прекршоци, особено на автопатската делница Охрид-Кичево каде има најголем број на сообраќајни несреќи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
