Македонија
7. јуни 2019 - 21:04

Научен симпозиум посветен на Видое Подорец

Видое Подорец важи за еден од нашите најплодни и најзначајни автори. Има објавено 108 дела но, и покрај обемното творештво и значењето на истото тој не е доволно третиран од научната јавност. Ова е само еден од заклучоците на научниот симпозиум посветен токму на Подорец и неговата книжевна оставнина за која во Струмица говореа голем број писатели, критичари и професори од македонските универзитети.

Дека на Подгорец се уште не му е дадено вистинското место на полето на литературата смета и еден од најпознатите автори на детска литература Киро Донев.

Научниот симпозиум посветен на творештвото на Подгорец беше организиран во рамки на манифестацијата Средби под Јаворите која годинава се организира по 18 ти пат и во чиј склоп се реализираат бројни активности меѓу кои и одбележување 85 години од раѓањето на големиот Подгорец.