Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"

Наум Додевски е среќникот кој го извлече светиот крст положен во водите на Крива Река, од педесетината кои скокнаа по крстот, меѓу кои и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Прославата на големиот христијански празник Богојавление -Водици почна со света божествена Богојавленска литургија во соборниот храм Св.„Великомаченик Димитриј" по што беа осветени водите на Крива Река.
- Нека светите води ни донесат здравје, мир и благосостојба во секој дом, порача Митовски.
По овој чин, на централниот градски плоштад во организација на Фондацијата „Со срце за Крива Паланка” и Општина Крива Паланка, во соработка со МПЦ-ОА Кривопаланечко архиерејско намесништво, се одржа традиционалната манифестација "Водици-Пивтијада".
Стотици граѓани присуствуваа на богатата празнична прослава и традиционална трпеза со кривопаланечки пивтии, а за музичката програма беше задолжена македонската музичка ѕвезда, Ленче Кукиќ.
Во кривопаланечкото село Конопница, Филип Станоевски е среќникот што го извлече крстот од Селска Река.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
