Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност

Времето денеска изутрина ќе биде ведро и студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километи на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени Целзиусови. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
MИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
