НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот

Кошаркарите на Филаделфија се пласираа во полуфиналето на Источната конференција во НБА лигата, откако синоќа во седмиот натпревар од плејоф серијата до четири победи триумфираа на гостински терен над Бостон со 109-100.
Филаделфија беше во негатива од 1-3 во серијата против Бостон но со голем пресврт и три последователни победи дојде до конференциското полуфинале во кое ќе игра против Њујорк.
На седмиот натпревар Филаделфија имаше предност од 18 поени во второто полувреме, но Бостон се врати и ја намали разликата на само еден поен на помалку од четири минути пред крајот. Сепак, кошаркарите на Филаделфија се вратија во ритам во завршницата и дојдоа до своето шесто конференциско полуфинале во последните девет сезони.
Џоел Ембид го предводеше гостинскиот тим со 34 поени, 12 скокови и шест асистенции, додека Макси додаде 30 поени, 11 скокови и седум асистенции.
МИА
Ново на Сител
-

Насилство врз жените: Сериозни системски бариери до заштита и правда
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Владата е фокусирана на постепената интеграција паралелно со реформите за рамноправно членство во Унијата
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Шестмина уапсени под сомнение за тероризам
-

ЕУ подготвува акциски планови за членство за најперспективните кандидати
-

Силјановска: Европскиот процес го губи кредибилитетот
-

Дизелот поевтинува за 4 и пол денари откако Владата ја продолжи одлуката за намалено ДДВ
