НБА суспендираше петмина кошаркари за тепачката во Минеаполис
Раководството на НБА лигата суспендираше вечерва пет играчи вклучени во тепачката што се случи на натпреварот меѓу Детроит и Минесота (104-123), одигран во неделата во Минеаполис.
Инцидентот се случи во втората четвртина, откако кошаркарот на Детроит Рон Холанд го фаулираше Наз Рид. Дојде до нивна вербална расправија, по што се вклучи играчот на Минесота, Донте ДиВинченцо, а потоа и други играчи, што предизвика голем метеж на паркетот.
Играчот на Детроит, Ајзеа Стјуарт е суспендиран два натпревари без плата, поради неговата „повторена историја на неспортско однесување“, се вели во соопштението на директорот за кошаркарски операции на НБА, Џо Думарс.
Четворица други инволвирани во инцидентот се суспендирани по еден натпревар без плата – Рон Холанд и Маркус Сасер од Детроит, и Наз Рид и Донте ДиВинченцо од Минесота.
Ново на Сител
-
Децата од четири училишта во Гази Баба се вратија во училници
-
Муцунски и Муртезани домаќини на Јадранско - јонската иницијатива во Њујорк
-
Откажа единствениот функционален радар на Скопскиот аеродром, М-НАВ вели тоа нема безбедносно влијание
-
Поголема соработка и нови инвестиции се очекуваат од Дубаи, земјава ги претстави можностите
-
Преглед на вестите од светот
-
Две години условна казна затвор за онкологот кој призна вина
-
Македонската дијаспора во САД го одбележа празникот Раѓање на Пресвета Богородица
-
Поголема соработка и нови инвестиции од Дубаи се очекуваат по нивната посета во земјава