НБА суспендираше петмина кошаркари за тепачката во Минеаполис

Раководството на НБА лигата суспендираше вечерва пет играчи вклучени во тепачката што се случи на натпреварот меѓу Детроит и Минесота (104-123), одигран во неделата во Минеаполис.
Инцидентот се случи во втората четвртина, откако кошаркарот на Детроит Рон Холанд го фаулираше Наз Рид. Дојде до нивна вербална расправија, по што се вклучи играчот на Минесота, Донте ДиВинченцо, а потоа и други играчи, што предизвика голем метеж на паркетот.
Играчот на Детроит, Ајзеа Стјуарт е суспендиран два натпревари без плата, поради неговата „повторена историја на неспортско однесување“, се вели во соопштението на директорот за кошаркарски операции на НБА, Џо Думарс.
Четворица други инволвирани во инцидентот се суспендирани по еден натпревар без плата – Рон Холанд и Маркус Сасер од Детроит, и Наз Рид и Донте ДиВинченцо од Минесота.
Ново на Сител
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
