Македонија
18. February 2026 - 10:49

Не паркирајте под дрвја поради силен ветер, апелира „Паркови и зеленило“

ЈП Паркови и зеленило – Скопје ги известува граѓаните дека, според најавата од УХМР, денес се очекува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во претпладневните часови.

Од претпријатието апелираат возилата да не се паркираат под дрвја, со цел да се избегнат можни материјални штети и други несакани последици.

Во случај да се забележи паднато дрво или друга опасност, граѓаните се повикуваат да пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 112, како и на дежурните телефони објавени на официјалната веб-страница на претпријатието.