Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
Небото на Блискиот исток не се смирува петти ден. Израел и Иран продожуваат со воздушни напади едни кон други. Иранската армија тврди дека со ракети го погодила центарот за воено разузнавање на Израелски Мосад, а Израелските одбрамбени сили пак објавија дека го убиле воениот шеф на иранскиот генерал стаб, кој на функција беше 5 дена по убиството и на неговиот претходник.
И двете земји тврдат дека атакуваат само на воени цели. Израелците најавија дека ќе продолжат со надади додека не се отстрани заканата од нуклеарна програма. Иранците пак негираат дека развиваат нуклеарно оружје.
Американскиот претседател бара вистински крај на нуклеарната програма, а не прекин на огнот. Ги повика граѓаните да се евакуираат од Техеран.
Кина пак смета дека Трамп долева масло во огнот во конфликтот помеѓу Израел и Иран.
Против нуклеарна програма во Иран е и ЕУ, но инсистираат на деескалација.
Илјадници луѓе и во двете држави останаа без домови. Расте тензијата на улиците и во Техеран, Тел Авив, но и во останатите градови. Странските државјани кои се затекнаа на Блискиот исток бараат начин итно да се евакуираат.
Над 600 странци пак избегале од Иран во Азербејзан.
-
Алексанадр Динев
Сите содржини од овој новинар