Македонија
21. April 2022 - 12:24

Недела на солидарноста во Струмица

,, Вашиот прилог значајна помош,, ова е мотото под кое Црвениот крст од Струмица ја одбележува неделата на солидарност. Оваа година во рамките на истата реализира и собирна акција во која може да се вклучат сите хумани граѓани и да донираат храна, облека, обувки и средства за хигиена.  Од црвениот крст велат дека преку ваквите акции не само што им се помага на лицата во социјален ризик, туку се придонесува и за подигање на свеста кај граѓаните за потребната меѓусебна поддршка.

Дел од неделата на солидарноста се и младите волонтери  кои активно учествуваат во реализацијата на сите активности.

Преку сметката на фондот на солидарноста на црвениот крст, но и мобилните оператори граѓаните може да донираат и парични средства  со кои потоа ќе се набават пакети со храна наменети за семејствата од социјален ризик. Неделата на солидарност започна на 18 ти, ќе трае до 24 април.