-->
-->
Негативен природен прираст во третото тримесечје - За 647 повеќе умрени отколку родени
-->

Во третото тримесечје од 2026 година во земјава се родени 4.160 живородени деца, што е намалување за 4,8 проценти во споредба со истиот период лани.
Во истиот период починале 4.807 лица, или 0,1 процент повеќе во однос на третото тримесечје од 2025 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Природниот прираст и натаму е негативен, односно бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица за 647.
Од вкупниот број починати, 19 се доенчиња.
Во периодот јули - септември годинава се склучени 3.524 бракови, што претставува зголемување за 0,5 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Во третото тримесечје се регистрирани и 397 разведени бракови.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Балканските лидери денеска во Охрид бараат заеднички одговори за европската иднина на регионот
-

Тошковски: Боди камерите во иднина ќе бидат основна опрема за полицијата
-

Уставен ќе одлучува за колективниот договор за култура, синдикатот на протест
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се анализираат цените на становите во секоја општина поединечно
-

СДСМ со документ: Директорката на српската Алта груп поседува фирма во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Од Собранието најавија итна седница за измените за заштита од насилство штом Владата испрати издвоено мислење
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
