Неготинец тешко повреден при пад од мопед
Неготинец на возраст од 51 година се здобил со тешки телесни повреди вчера наутро при обид со мопед да заобиколи метален предмет што паднал од товарно возило, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Вчера во ОВР - Неготино е пријавено дека во 7:10 часот, на улица „Фемо Кулаков“, Д.Т., 51-годишен неготинец, управувајќи мопед со неготински регистарски таблици, паднал на коловозот откако се обидел да заобиколи метален предмет што паднал од товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Д.Ч. од Кавадарци, кое се движело по улицата, појаснија од СВР - Велес.
Повредениот бил пренесен во Општата болница – Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР – Кавадарци.
МИА
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Мерката училишна кошница е во тек
-
Модернизација на Националниот електронски систем за документи
-
Независните кандидати не се закана за поголемите партии
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот