Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал

Француската министерка за здравство Стефани Рист денеска изјави дека сè уште не се познати сите детали за хантавирусот откриен на крузерот „Хондиус“, вклучително и тоа дали тој мутирал, иако официјалните лица во моментот се „релативно спокојни“.
-Постојат нешта што не ги знаеме за овој вирус. Сè уште ја немаме целосната секвенца на вирусот што би ни овозможила со сигурност да кажеме дека тој не мутирал – истакна Рист пред Националното собрание на Франција.
Според Светската здравствена организација (СЗО), засега нема знаци за нешто необично во сојот на хантавирусот на бродот. Жариштето е поврзано со сојот од Андите, поради што официјалните лица се во консултации со Аргентина, каде слично жариште беше ликвидирано во 2019 година.
Досега СЗО потврди девет случаи на зараза и повика на итна изолација на сите сомнителни случаи. Организацијата очекува бројот на заболени да порасне со оглед на многубројните контакти меѓу патниците пред откривањето на вирусот, но нагласува дека засега нема знаци за пошироко распространување на заразата надвор од крузерот.
МИА
Ново на Сител
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
