Македонија
29. October 2026 - 12:23

Нема финален договор меѓу МОН и студентите

Нема дефинитивен договор меѓу Министерството за образование и студентите за субвенционираниот оброк. По последниот состанок со министерката Весна Јаневска, останува отворено прашањето за колку ќе се зголеми дневната сума.

На маса е ставена опцијата студентите самостојно да одлучат дали ќе го користат актуелниот модел или ќе се префрлат на нови електронски ваучери. Министерката вели преговорите се во тек и се уште не е одлучено за колку ќе се зголеми сумата.

А студентските претставници и денеска порачаа дека цврсто стојат зад барањето за зголемување на оброкот за 200 денари, а конечната одлука за системското решение ќе се донесе идната недела.