Ненадејна смрт на новороденче во болницата во Кавадарци – обдукцијата ќе покаже од што починало
30 – минутната реанимација била без успех за двомесечно бебе кое по два дена престој синоќа починало на детското оддееление во болницата во Кавадарци. Новороденчето било хоспитализирано во установата во понеделник поради обилно повраќање по хранење.
- Во текот на деновите кога е тука на нашиот оддел детето е со уредни параметри и уредни лаб.анализи без повраќање. На 14.01.2026 година, по итен повик од мајката поради тоа што бебето престанало да дише, веднаш бил повикан дежурен педијатар, а во истиот момент и анестезиолог.
Започната е реанимација со соодветна терапија која траела околу 35 минути, но за жал без успех, вели во писмена изјава директорката на болницата, Гордана Ѓорчева Камчева.
Поради ненадејната смрт на новоорденчето, од болницата телото го дале на обдукција која треба да покаже од што настапила смртта. Исто така ги известиле и Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство и биле земени изјави од родителите и дежурниот медицински персонал.
По барање на Министерството за здравство вонреден надзор ќе прави и Државниот санитарен и здравствен инспекторат со проверка на целокупната документација на бебето од матичен лекар до болницата каде било хоспитализирано.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
