Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
Ако ви бараат пари за операција, не сте задоволни од третманот, долго чекате термин за специјалист или со месеци немате резултати од направено снимање од денеска можете да пријавете на веб страницата на министерството. Пријавата е анонимна, но ако сакате објавете видео, фотографии или оставете контакт доколку имате сериозен проблем. Секој месец јавно ќе се посочуваат најчестите проблеми со кои се соочуваат пациентите во јавното здравство.
- Ние во министерството креиравме работна група која ќе ги процесуира сите пријави и ќе се обратиме до директорот или посочениот лекар за да го слушнеме и неговиот став за да нема злоупотреби, изјави Азир Алиу, министер за здравство.
Новиот министер за еден од најгорливите проблеми паркингот на клинички најавува решение до 20 октомври. Вчера на Влада поминала информацијата да продолжи соработката со Градски паркинг Скопје, но претпријатието има обврска да го уреди и дигитализира просторот. Да воведе нов паметен систем со сензори, но и да воспостави евиденција дали и колку слободни паркинг места има уште на влезот.
- Тоа е втората фаза, доколку има потреба во третата фаза ќе се изградат и катни гражи, рече Алиу.
Решение за хаосот на клинички последните десетина години ветуваа неколку министри, но се уште пациенти и нивни роднини со саати вртат кругови за да најдат слободно место.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар