Несреќа во тетовско: Мајка со две малолетни деца излетала од патот со четирицикл

Мајка и нејзините две малолетни деца се повредени во сообраќајна несреќа со четирицикл што се случила во тетовското село Бозовце.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 1 август 2026 година во 13:25 часот, кога од Итната медицинска помош Тетово било известено дека четирицикл излетал од патот во атарот на селото.
На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Тетово, при што било утврдено дека 43-годишната М.А. од село Шипковица, која престојува во Германија, управувала со четирициклот, а со неа како сопатници биле и нејзините две малолетни деца.
Сите тројца биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде што им биле констатирани телесни повреди.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Полицијата работи на целосно расчистување на причините за несреќата.
Ново на Сител
-

Прегазено 4 годишно дете на улица во Гостивар
-

Во текот на изминатиот викенд 34 лица приведени поради безобѕирно управување моторно возило
-

Над 70 лица минатата недела приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога
-

Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на ГП „Богородица", во последните 24 часа
-

Топло до крајот на неделата, од четврток попладне локално дожд и грмежи
-

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран
-

Несреќа во тетовско: Мајка со две малолетни деца излетала од патот со четирицикл
-

Уапсен 36-годишен Косовец, со „мерцедес“ летал 220 км/ч на автопатот кај Гевгелија
