Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на град попладнево зафати повеќе делови од земјава. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) има интензивни врнежи западно од Скопје, кон Тетово и Гостивар, во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани, како и во Кривопаланечкиот регион.
Од УХМР, поопладнево соопштија дека се забележуваат области со интензивни врнежи западно од Скопје, кон Тетово и Гостивар, што укажува на присуство на активна конвективна облачност со силен дожд, а можеби и град. Радарската слика, велат, покажува активна атмосферска ситуација над западниот и централниот дел на Македонија, со присуство на силни врнежи, грмежи и наместа можна појава на град.
Од УХМР информираат дека нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на град има и во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани, како и во Кривопаланечкиот регион. Прилепскиот и Тополчанскиот регион, исто така, е зафатен од силна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи засилен ветер и појава на град.
– Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер,грмежи и наместа појава на град имаме во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани и во Кривопаланечкиот регион. Прилепскиот и Тополчанскиот регион зафатен од силна нестабилност проследена со пороен дожд , грмежи засилен ветер и појава на град. Нестабилност имаме и во Скопската Котлина како и на североистокот на Македонија, соопштуваат од УХМР.
Ново на Сител
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание