Нетанјаху: Израел ќе одреди кои странски војници ќе учествуваат во меѓународните сили во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел ќе одреди на кои странски војници ќе им дозволи да бидат дел од планираните меѓународни сили во Газа, за да помогнат во завршувањето на војната според планот на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Ние ја контролираме нашата безбедност и исто така јасно ставивме до знаење во врска со меѓународните сили дека Израел ќе одреди кои војници се прифатливи за нас, рече Нетанјаху на состанокот на владиниот кабинет.
Нетанјаху кажа дека ваквиот израелски став е прифатлив и за САД.
Администрацијата на Трамп ја исклучи можноста за испраќање американски војници во Газа. Се очекува меѓународните сили во Газа да бидат од Египет, Индонезија и земјите од Персискиот Залив.
Појасот Газа е под окупација од Израел, кој ги контролира сите пристапи до палестинската енклава.
МИА
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
