Нетанјаху му наложил на Мосад да ги гаѓа лидерите на Хамас каде и да се

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека и дал инструкции на разузнавачката агенција Мосад да им влезе во трага на членовите на раководството на исламскиот екстремистички Хамас кои живеат надвор од Појасот Газа во странство.
- Му дадов инструкции на Мосад да дејствува против лидерите на Хамас, каде и да се, изјави Нетанјаху на синоќешната прес-конференција.
Тој одговараше на новинарска оценка дека лидерот на Хамас Исмаил Ханије и Калед Машал, неговиот претходник, се „еуфорични“ поради војната и очекуваат да продолжат да владеат со Газа кога ќе заврши. Двајцата живеат во странство.
Повеќето високи членови на Хамас живеат во егзил, главно во Катар и Бејрут, главниот град на Либан.
Мосад во последните години беше обвинет за серија убиства во странство не само на палестински екстремисти, туку и на ирански нуклеарни научници.
Ново на Сител
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
