Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето

Американската вселенска компанија „СпејсЕкс“ синоќа доживеа неуспех при уште еден тест-лет на џиновската ракета „Старшип“.
Тестот предвидуваше механичките раце на лансирната кула да ги фатат двата степени на ракетата, но долниот сегмент познат како ракетен забрзувач „Супер Хеви“ наместо да биде прифатен од лансирната кула како што беше планирано, се спушти во морето и се запали.
Од Компанијата на технолошкиот милијардер Илон Маск засега не е соопштено што го предизвикало неуспешниот обид за враќање на „бустерот“.
Горниот сегмент на ракетата, по одвојувањето од забрзувачот успеа да влезе во орбитата околу Земјата, каде треба да распореди сателити за интернет-услугата „Старлинк“ на Маск.
Се очекува тој да направи околу 14 обиколки околу Земјата во период од приближно 24 часа, пред да се врати на лансирната локација, каде што „СпејсЕкс“ планира да го фати со механичките раце на кулата.
Таков маневар досега не е изведен.
При претходниот тест-лет во септември, „Старшип“ за првпат стигна до орбитата околу Земјата, по што изврши контролирано спуштање во Тихиот Океан.
Висок околу 120 метри, „Старшип“ е најголемиот ракетен систем некогаш изграден, при што двата степена се дизајнирани за повеќекратна употреба.
НАСА планира да го користи „Старшип“ за испраќање астронаути на Месечината, додека амбициите на „СпејсЕкс“ се дека во иднина леталото ќе стигне и до Марс.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Се повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид, ги срушивме сите рекорди како резултат на паметните политики
-

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето
-

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
-

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен
-

Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата
-

Куба се подготвува за можна воена агресија, изјави претседателот Дијаз-Канел
-

САД ја укинаа забраната за летови, се очекуваат доцнења
-

Трамп ќе се сретне со Путин и Шји следната седмица, потврди Белата куќа
