Неуспешно лансирање: Ракетата „Вулкан“ откажа и уништи 40 сателити на „Амазон“

Ракетата „Вулкан“ (Vulcan) на компанијата „Јунајтед лонч алајанс“ (United Launch Alliance – УЛА) којашто е заеднички влог на „Боинг“ и „Локхид Мартин“ – доживеа неуспех кратко по лансирањето од американскиот „Вселенско-лансирачки комплекс 41“ (Space Launch Complex 41) на Флорида вчера. Како резултат на тоа, беа уништени 40 сателити на интернет-мрежата на „Амазон“ во Ниската орбита околу Земјата.
Ракетата откажа скоро 10 минути по полетувањето, а причината засега е непозната.
„Врз основа на податоците добиени од нашиот директор за лансирање, можеме да потврдиме дека ракетата „Вулкан“, лансирана од ’Комплексот за вселенски лансирања 41‘, наиде на аномалија десет минути по полетувањето, што ја оневозможи испораката на сателитите на „Амазон“ во орбитата“, објави „УЛА“.
Ова е прв неуспешен лет во историјата на компанијата.
„Секој лет обезбедува нови податоци и учиме нешто ново од секоја мисија. Бидејќи инцидентот се случи многу неодамна, сè уште немаме конкретни податоци за да утврдиме што точно се случи денеска“, соопшти „Амазон“.
Сѐ ова претставува сериозен удар за новата водечка ракета на компанијата „УЛА“ – инаку основана пред две десетлетија, којашто имаше за цел да воспостави редовен распоред на лансирања за растечката сателитска интернет-мрежа на високотехнолошката компанија.
МИА
Ново на Сител
-

Случајот Михаилова ја отвори пандорината кутија во Бугарија
-

ЕСМ ќе ја достави до Влада новата цена на струјата следната недела – тогаш ќе се знае и новата цена на парното
-

Кој е виновен за влезот на Алта банка? Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-

Брза помош интервенирала на десетина колапси во Скопје поради пролетните температури во ноември
-

По 14 години, нови амбулантни возила за штипската Итна помош
-

Во струшки „Водовод“ недостига стручен кадар
-

Илиески: Се загушува гласот на младите бидејќи политичарите немаат капацитет да одговорат на нивните барања
-

Преглед на вестите од светот
