Македонија
13. December 2023 - 16:34

Невакцинирањето ги враќа старите опасни заразни болести

Падот на имунизацијата ги враќа на голема врата искоренетите заразни заболувања кои порано биле смртоносни за човештвото. Освен од морбили, опасност демне и од голема или магарешка кашлица за која во Велика Британија има предупредување за ширењето на болеста а во Хрватска не можат да ги избројат пациентите со пертусис. Во нашата земја годинава се евидентирани само 2 случаи, но од Комисијата за заразни болести велат дека внимателно ја следат состојбата во Европа и регионот која многу брзо може да се прелее и кај нас.

-Во соседството гледаме се случува ова , но прашање на време е кога и кај нас ќе има вакви случаи на заразни болести кои можат да се превенираат. Проблемот со опфатот со имунизацијата се провлекува од периодот пост ковид и тоа кај сите вакцини, вели д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.

За опасноста од враќање на магарешката кашлица но и други превентабилни болести вчера дискутирале и во педијатриското здружение. Алармираат дека мора опфатот со вакцинација да е висок бидејќи родителите не се ни свесни какви сериозни компликации предизвикуваат и пертусис и морбили.

 Вакцинирајте ги децата бидејќи не змаете што значи кога би се раџболеле од овие болести и еве веќе го доживуваме овој тренд. Во европски земји, како на пример Велика Британија која во еминентни часописи ги објави нивните зачудувачки лоши реултати, тоа с ешири и на Балканот и можеби ќе дојде и на нашите простори. Многу е опаднат процентот на имунизирани деца, вели Д-р Аспазија Софијанова, претседател на Здружението на педијатри

Најзагрозени од пертусис се новороденчињата и доенчињата каде што болеста може да биде многу тешка. Почнува најчесто со температура па продолжува со зголемена кашлица и закрепнувањето трае со недели а може и со месеци.