Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
Речиси 40 килограми кокаин, чувани како доказ во Високиот суд во Сува, Фиџи, исчезнале, а дел од пакетите биле заменети со брашно.
Дрогата била запленета во 2019 година во случајот против фиџиско-канадскиот државјанин Џошуа Азиз Рахман. Станувало збор за околу 39,5 килограми кокаин, чија вредност се проценувала на околу 31 милион фиџиски долари.
При проверка на доказите на 15 септември било утврдено дека недостигаат седум плочки кокаин. Потоа биле направени форензички анализи и на преостанатите пакети, при што било откриено дека ниту еден од нив повеќе не содржи кокаин.
Полицијата соопшти дека со доказните предмети било манипулирано и дека истрагата е насочена кон лицата кои имале директен пристап до судскиот трезор. Идентификувани се шест лица од интерес, а едно од нив во моментот се наоѓа надвор од земјата.
Дополнително, било утврдено дека дел од безбедносните камери не работеле, а проблеми имало и со системот за контрола на пристап.
Случајот предизвика големи реакции во Фиџи, особено затоа што претходно годинава од друг судски предмет исчезнале уште 12,9 килограми запленет кокаин.
Ново на Сител
-

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра
-

Македонското пиво годинава со двојно поголем извоз од увозот - најмногу се пие во Косово и Албанија
-

Македонските репрезентативци пред нов предизвик – Шкотска гостува во Скопје
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
