Неверојатни снимки од пештерата Врело на Матка, на 338 метри под вода – нуркачот открива дека пештерата продолжува уште подлабоко

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала, кој постави светски рекорд со нуркање на длабочина од 338 метри во подводната пештера Врело на Матка, објави неверојатни снимки од новооткриените подводни премини, кои покажуваат дека пештерата продолжува уште подлабоко.
На видеото се гледаат делови од досега неистражениот подводен свет на Матка, а особено впечатлив е огромниот премин кој се појавува на крајот од снимката и продолжува стрмно надолу.
„Вака изгледаат новооткриените премини во најдлабоката подводна пештера во светот што досега ја истражил човекот“, напиша Питала во објавата на Фејсбук.
Според него, снимките укажуваат дека пештерата продолжува на длабочина поголема од 350 метри.
„На крајот од видеото може да се види огромен премин кој стрмно се спушта надолу и очигледно продолжува на повеќе од 350 метри длабочина. Колку ли навистина е длабока оваа пештера?“, се прашува нуркачот.
Интересно е што Питала поминал само една и пол минута на длабочина поголема од 300 метри, додека враќањето на површината, вклучувајќи ја и неопходната декомпресија, траело речиси девет часа.
Светскиот рекорд беше поставен во рамките на меѓународната експедиција „Врело 2026“, која се одржа од 10 до 17 октомври, со учество на 15 нуркачи од Македонија, Полска и Италија.
Со достигнатите 338 метри, Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера во светот, надминувајќи го претходниот светски рекорд од 312 метри, поставен во пештерата Фонт Естрамар во Франција.
Иако е постигнат историски резултат, најновите снимки покажуваат дека вистинската длабочина на пештерата Врело сè уште останува непозната.
Ново на Сител
-

Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
-

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
-

Kривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
-

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“
-

Скопје ќе се украси до 15 декември – елка од 13 метри и новогодишни декорации за околу 73.000 евра
-

Македонските „Тигри“ меѓу десетте најдобри на меѓународен снајперски натпревар во Турција | ФОТО
-

ЕУ отвори истрага против Booking.com поради лажни огласи и измами – се заканува казна до 6% од глобалниот промет
-

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
