Невработеноста намалена за 2,4 проценти на годишно ниво

Бројот на невработените лица во третото тримесечје од 2026 година изнесува 89.593 и бележи намалување од 0,5 проценти во споредба со претходното тримесечје, а во однос на истиот период лани е намален за 2,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од годинава активното население изнесува 797.775 лица, од кои 708.182 се вработени, а 89.593 се невработени.
Стапката на активност изнесува 52,4 проценти, стапката на вработеност е 46,5 проценти, додека стапката на невработеност изнесува 11,2 проценти.
Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0,4 проценти во споредба со третото тримесечје од 2025 година. Од вкупниот број вработени, 57,6 проценти се мажи, а 42,4 проценти се жени.
Во структурата на невработените, мажите учествуваат со 62,1 процент, а жените со 37,9 проценти.
Во третото тримесечје од 2026 година бројот на неформално вработените изнесува 103.177 лица, што е зголемување од 2,1 процент во однос на претходното тримесечје.
Најголем дел од неформално вработените се во дејноста земјоделство, шумарство и рибарство, каде што се евидентирани 58.213 лица, односно 56,4 проценти од вкупниот број неформално вработени.
Во градежништвото се концентрирани дополнителни 16 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Балканските лидери денеска во Охрид бараат заеднички одговори за европската иднина на регионот
-

Тошковски: Боди камерите во иднина ќе бидат основна опрема за полицијата
-

Уставен ќе одлучува за колективниот договор за култура, синдикатот на протест
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се анализираат цените на становите во секоја општина поединечно
-

СДСМ со документ: Директорката на српската Алта груп поседува фирма во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Од Собранието најавија итна седница за измените за заштита од насилство штом Владата испрати издвоено мислење
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
