Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен

Автопатот Кичево-Охрид се гради со одлична динамика. Делницата од кичевското село Извор до селото Врбјани во општина Дебарце се очекува во следните неколку недели да биде ставена во функција, порача од Охрид заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
- Така што остануваме на она што го ветивме, а тоа е согласно роковите до крајот на мај месец да имаме не само целосно пуштен автопат, туку автопат со сите потребни документи, нешто што за жал не сме го гледале често во минатото, од една страна, и од друга страна оној најтежок дел којшто оди од селото Извор, Кичевско до селото Врбјани во Дебрца, очекувам во следните неколку недели да биде ставен во функција. Таму градежните работи се целосно завршени, што може да се види и со голо око - изјави Николоски.
Вицепремиерот Николоски истакна дека се пробиени тунелите, односно двете тунелски цевки,од кои едната е со должина од 1.100 метри, втората е со должина од 1.990 метри и како што посочи „се работи за најдолги тунелски цевки во Македонија“.
- Исто така, галериите, четирите галерии кои што се на овој дел се завршени, завршен е и целосно трупот на патот, мостовите, вијадуктите, така што од градежен аспект целосната работа е завршена. Она што го правиме во моментов е спроведување на најновата европска директива за безбедност во сообраќај, особено во тунели, така што се прават сите потребни тестирања со цел да имаме највисоко ниво на безбедност во рамки на тунелот. Ова ќе е првпат да оваа европска директива да биде применета не само во Македонија, туку во целиот регион и во таа насока во моментов се изведуваат тестирањата, и штом бидат тие тестирања завршени, секако ќе ве поканиме да направиме една обиколка и да го пуштиме во функција овој дел од автопатот - рече Николоски.
Прашан колкав е прогресот на автопатиштата кои ги гради „Бехтел и Енка“, Николоски одговори дека најголем прогрес има на автопатот Прилеп-Битола.
- Различен е прогресот на различните секции. Во однос на секција 1, тоа е од Тетово до Гостивар, таму на земјените работи имаме прогрес од 65%, инаку на ниедна од трите секции немаме се уште асфалт. Во однос на втората секција, тоа е од Гостивар до Букојчани, имаме два дела, делот кој што е од Гостивар веќе е со 60% прогрес, а делот кој што е од Букојчани сега почнува да се гради. А во делот на Прилеп - Битола во однос на земјените работи имаме преку 80% прогрес - изјави Николоски.
Што се однесува за автопатот Требеништа-Ќафасан, вицепремиерот Николоски посочи дека разговарал со изведувачот „Бехтен и Енка“ и се обидуваат да ја најдат најоптималната варијанта по која ќе се движи оваа делница.
- Разговараме тука и со изведувачот „Бехтел Енка“ и се обидуваме да ја најдеме најоптималната варијанта која што ќе значи секако да го зачуваме статусот кој што го има целокупниот регион, значи не само делот Охрид-Струга туку целокупниот регион и очекувам за брзо време, можеби и со почетокот на градежната сезона веќе да имаме градежни активности - вели Николоски.
По која рута ќе се движи автопатот од Требеништа до Ќафасан ќе одлучат експертите, потенцираше Николоски.
- Јас лично нема да се мешам, затоа што претходно некој пред мене на слична позиција и очигледно ја погрешил, ние сме политичари, носиме одлуки врз основа на она што го имаме како информација пред нас од експертите.Оваа одлука мислам дека треба да ја донесат експертите и за животна средина и секако за градежништво - потенцираше вицепремиерот Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
