Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги предупредува граѓаните да внимаваат при купување на станови односно да купуваат станови кои се веќе изградени, со имотен лист и имаат употребна дозвола, за да не се доведат во ситуација да останат и без стан и без средства доколку инвеститорите немаат пари да го реализираат односно завршат започнатиот објект.
-Сакам да дадам едно предвидување, мислам дека не е добро, но ред е да го кажам за да внимаваат оние што инвестираат, односно купуваат. Би ги советувал да купуваат готови, односно изградени станови кои можат да ги видат, кои се пред нив физички, со важечки имотен лист, во згради кои имаат употребна дозвола затоа што има шпекулација на пазарот и ми е страв дека таа шепекулација може во еден момент да пукне, односно да ни се случи да има инвеститори кои не можат да ги износат проектите кои ги почнале. Мислам дека е фер ова да го кажам, вели Николоски.
Според него, власта не може ништо да направи по ова прашање бидејќи, како што истакна, локацијата за градба е на инвеститорот, има соодветен ДУП, платил комуналии, гради со важечка дозвола...
-Но, доколку нема средства да го заврши објектот може да настане проблем доклку граѓани купуваат станови кои не се изградени, кои физички не можат да ги видат, рече министерот за транспорт.
Според него, постои тенденција на пораст на цена на метар квадратен станбен простор пред се во неколку урбани центри, и тоа, како што вели, се користи шпекулативно, бидејќи пазарот тоа го дозволува.
-Имено се работи за тенденција на поскапување која се случува во неколку урбани центри во државата, како урбаното јадро на Градот Скопје и на неколку други урбани јадра, пред се тука би сакал да го споменам Тетово, Штип, до некаде Струмица и Охрид во оној дел кој е повеќе поврзан со туризмот. Имаме една друга тенденција во која имотите обезвреднуваат во остатокот на државата што не носи продолжување кон лоши трендови кои траат со децени, односно се централизира државата или функционираат неколку поголеми јадра, а остатокот се празни. Имаме внатрешна миграција која оди град село и која оди од субурбани во ураби средини и факт е дека тоа се случува. Дали тоа се користи шпекулативно, да, се користи затоа што тоа пазарот го дозволува, рече Николоски во одговор на пратеничко прашање за тоа дали се преземаат мерки за ублажување на поскапувањето на цените на станбениот квадрат.
Што и да се преземе, според Николоски, не може да се очекува дека било која мерка би донела до пониска цена на квадрат на становите, тоа е невозможно.
Но, како што нагласи, она што може да се преземе е да се ослободат младите од комуналии за изградба на куќи, да им се даде поевтино земјиште, нешто што веќе го прават повеќе општини, како и да се градат социјални станови за најранливите категории.
Дополнително, истакна тој Собранието веќе разгледувало данокот на прв промет на стан да остане 5 отсто, што , како што истакна, колку толку ќе ја реалаксира цената, затоа што ако се зголемел на 18 проценти дополнително ќе влијаело на апсолутната вредност на становите. Свесно, нагласи Николоски, се откажуваме од дополнителен приход за колку толку да се влијае на намалувањето на порастот на цените.
МИА
Ново на Сител
-

Магла на планинските превои Стража и Плетвар, патниот правец Бунец - Маврови Анови и во Крушево
-

Македонските ракометари денеска патуваат за Хрватска
-

Три странски компании потврдија и донесена е одлука за инвестирање во нашата земја, а со десет се преговара, најави Мицкоски
-

Кина воведе санкции против американски поединци и одбранбени компании поради продажба на оружје на Тајван
-

Герасимовски: Новитет „центарска картичка“, зголемена поддршка за пензионерите и семејствата, мерки за подобар стандард за 2026
-

Петрова: Упатени околу 10 000 покани до граѓани кои треба да го пријават доходот остварен во странство
-

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра
-

ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности
