Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, на аеродромите повеќе од два милиони патници во првите шест месеци

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Според него, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии, со што во изминатите година и пол се воведени 28 нови авиодестинации, а со зимскиот ред на летање се очекува и нови дестинации, што значи дека до крајот на годината може да се стигне и до 4 милиони патници.
Одговарајќи на новинарски прашања по работната посета на М-НАВ, Николоски посочи дека со изборот на Владата во 2024 година се прави анализа на воздушниот сообраќај и воведена е нова политика на привлекување и субвенционирање на нови директни летови, што го даде својот резултат.
-Од двата аеродроми имаме 28 нови дестинации во изминативе година и половина. Сериозен раст на авиосообраќајот, минатата година имаше голем раст, оваа година има историски раст. Оваа година двата аеродроми заедно во првите шест месеци имаат раст од 32 проценти – изјави Николоски.
Гледано во апсолутни бројки, нагласи Николоски, минатата година достигнавме 3 милиони патници, а годинава веќе сме над 2 милиони патници, што значи дека до крајот на годината може да стигнеме до 4 милиони патници.
-Ако тоа не се случи во 2026, тогаш сигурно во 2027 година ќе стигнеме до четири милиони патници, што е огромна бројка, имајќи во предвид дека вкупното население во државата е 1,8 милиони – нагласи Николоски.
Аеродромите во Скопје и Охрид, посочи Николоски, се најбрзо растечки во своите категории и постигнаа апсолутни рекоди во јули.
-Во еден ден во јули на Скопскиот аеродром имаше 101 воздушна операција – слетувања и полетувања, а на Охридскиот имаше 21. Тоа е апсолутен рекод, којшто претходно не е забележан и во следниот период продолжуваме со овој раст- порача Николоски.
Тој, исто така, потсети дека компанијата Виз Ер, ја има својата трета најголема база во Европа токму во Скопје со седум воздухоплови и најави дека се очекува еден воздухоплов да биде стациониран и во Охрид, а со зимскиот ред на летање и нови дестинации.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
